Спомен на Преподобен Бенедикт; Свети Евсхимон, епископ Лампсакиски и Свети Теогност, митрополит Киевски
На 27. 03. 2018 година, во шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува споменот на Преподобен Бенедикт; Свети Евсхимон, епископ Лампсакиски; Свети Теогност, митрополит Киевски, со благослов на надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Горни Манастирец, во околината на Македонски Брод, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови во сослужение на јеромонах Ефросиниј од Бигорскиот манастир.
Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф одржа беседа и меѓу другото ја искористи приликата и да му го честита именденот на настојателот на манастирот монахот Бенедикт (Божиновски), посакувајќи му Севишниот Бог по молитвите на преподобниот Бенедикт Нурсиски да го дарува со долголетие, крепко здравје, многу љубов, сила и мудрост за преуспевање во духовниот живот. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше приредена трпеза на љубовта